ДОСТАВА И НАРАЧКА

Дали доставата е бесплатна?

Да, доставата е бесплатна низ цела Македонија.
За Косово и Албанија цената за достава е 15€.

Колку време трае доставата?

За Македонија доставата трае 24–48 часа.
За Косово и Албанија доставата трае 7–10 работни дена.

Дали има гаранција?

Да, печката има 2 години гаранција.

Дали имате сервис и резервни делови?

Да, обезбедуваме сервис и резервни делови за нашите производи.

Како можам да нарачам?

Нарачка може да направите директно преку веб-страницата hedraoven.mk или преку нашите социјални мрежи.

УПОТРЕБА

Дали печката е лесна за употреба?

Да. Печката е едноставна за употреба, а со секое печење резултатите стануваат сè подобри. Потребно е само малку пракса за совршена пица.

Дали е потребна монтажа?

Монтажата е многу лесна. Печката доаѓа со поврзано црево и неповратен вентил — потребно е само да ја поврзете на плинска боца и подготвени сте за печење.

Со каква плинска боца работи?

Hedra Oven работи со 5кг и 10кг плински боци.

Колку време е потребно за загревање?

Печката достигнува работна температура за околу 15–20 минути.

Дали печката е погодна за надворешна употреба?

Да, Hedra Oven е наменета за користење на тераса, двор, кампување и други надворешни простори.