Recipes, Рецепти

Кисело тесто за пица

Кисело тесто е традиционален начин за правење тесто кој користи природен стартер,  за ферментација на секаков вид тесто, наместо комерцијалниот, готов квасец што доаѓа од пакетче.

Кисело тесто за пица

Recipe by admin
Сервирања

4

сервирања
Време на готвење

40

minutes
Калории

300

kcal
Време за подготовка

3-4

дена

Што е кисело тесто?
Кисело тесто е традиционален начин за правење тесто кој користи природен стартер,  за ферментација на секаков вид тесто, наместо комерцијалниот, готов квасец што доаѓа од пакетче. Тоа значи дека на тестото му треба подолго време за да се направи и нарасни, а добивате побогат вкус на тесто. Овој начин за подготовка на тесто можете да го користите за правење што било, од леб до пица, па и кроасани.
 
Одржување на вашата стартер култура
Без разлика каков вид на тесто правите – дали е за пица или друго – клучен дел во подготовката на рецептите основани на кисело тесто е одржувањето на вашата стартер култура. Таа најчесто се состои од мешавина од вода и брашно кое природно содржи разни соеви на „див“ квасец.
Чувајте го вашиот стартер во тегла на работната површина во вашата кујна, покриена со капак или крпа со гумена лента добро завиткана околу отворот. Ако го користите вашиот стартер редовно за да направите тесто, најдобро е да го храните со вода и брашно на секои 1-2 дена за да го одржувате жив и активен, за да биде подготвен за употреба во секое време. За да го нахраните, додадете под еднакво вода и брашно (истото брашно на кое се базира и вашиот стартер) и измешајте го додека целосно не се соеднини. Стартерот ќе расте секогаш кога го правите ова, така што секој пат ќе треба да отстраните малку од стартерот пред да додадете свежо брашно и вода.
Ако треба да го оставите вашиот стартер дома некое време или не можете да го нахраните одредено време, затворете го и оставете го во фрижидер,  до 2 недели. Ладната температура ќе го направи стартерот неактивен, така што не треба да се храни во тоа време. Кога ќе бидете подготвени повторно да го користите, продолжете со истиот метод на хранење на секои 1-2 дена.

  • Потребни состојки за стартер:
  • 50гр зрело кисело тесто

  • 50гр брашно од цело зрно

  • 50гр 00 брашно или брашно тип 400

  • 100гр топла вода

  • За конечниот микс од тесто:
  • 10гр сол

  • 310гр топла вода

  • 200гр од нараснатото тесто

  • 75гр брашно од цело зрно

  • Брашно за посипување

  • Маслиново масло за премачкување на садот

Насоки

  • За стартерот:
  • За да направите мешавина од тесто, во голема тегла или сад измешајте 50гр од веќе подготвеното кисело тесто со два вида на брашно притоа, користејќи дигитална вага за точни мерења. Мешајте додека целосно не се соедини.
  • Покријте и оставете да отстои на собна температура 3 до 4 часа или додека не се удвои во големина. Убаво би било да ставите гумена лента околу теглата до каде што е линијата на тестото кога прво ќе го измешате, за да можете да проверите колку расте и да бидете сигурни дека е двојно зголемено.
  • За конечниот микс од тесто:
  • Откако смесата е подготвена, време е да се направи финалната смеса. Во голем сад, растворете ја солта во топла вода. Промешајте додека целосно не се раствори. Додадете 200гр од подготвеното тесто и мешајте додека не се соедни.
  • Полека додајте ги двата вида брашно, мешајќи ги заедно со рацете. Клучот е полека да се спои брашното за тестото целосно да се хидрира. Оставете 10 минути да отстои непокриено пред да започнете со почетното месење.
  • За киселото тесто:
  • Откако тестото ќе отстои, посипете ја работната површина со брашно и замесете го тестото. Ако месите со рака, користете ја дланката и турнете го тестото со движење напред до точка каде што тестото речиси се кине. Повлечете го тестото назад кон себе, завртете го и повторно турнете го со дланката. За оваа постапка ви се потребни 10 до 15 минути.
  • Алтернативно, можете исто така да го замесите тестото со помош на миксер. Мешајте го тестото на мала брзина 10 до 15 минути, а потоа на поголема брзина 5 до 10 минути.
  • Престанете да го месите тестото кога е мазно и кога му се враќа формата откако ќе го притиснете тестото со прстите. Ова значи дека структурата на глутен е развиена и тестото дава одредена отпорност. Треба да можете да го стиснете и развлечете без никакво кинење.
  • On your work surface, tighten up the dough by tucking the edge of your hand under the dough and pulling it towards you, moving your way around the edge of the dough to keep tucking the edges underneath. This helps smooth out the surface and ensures an even fermentation.
  • Додадете малку маслиново масло во голем сад или овал, нанесувајќи наоколу со прстите за да го премачкате садот. Ставете го тестото внатре и покријте го со крпа или капак и оставете да ферментира на собна температура 3 часа.
  • Тестото завршува со ферментирање кога ќе се нарасне барем двојно, а под површината се појавуваат многу воздушни меури.
  • Portion the dough into 3 or 4 equal pieces, depending on the size of your pizza. Shape each piece of dough into a ball using the same technique as tightening up the bulk dough. Place the dough piece on the countertop and pull it towards you from the edge furthest away from you, tucking the edge of your hand under the dough.
  • Продолжете да го правите тоа околу работ на тестото и влечете го кон себе, движете се по работ додека не стане мазно и заоблено.
  • Откако ќе го обликувате, посипете го со брашно плехот или обложете го со хартија за печење и ставете ги топчињата од тестото во плехот.
  • Покријте со крпа или со капакот на плехот и ставете го во фрижидер да се излади преку ноќ, 24 часа.
  • Откако тестото ќе се излади, топчињата од тестото за пица треба да отстојат на собна температура со тоа што ќе ги извадите од фрижидерот и ќе го оставите плехот на масата во кујната околу 2 часа. Важно е да бидат на собна температура пред да почнете да го растегнувате тестото за пица, или ќе биде премногу тврдо и невозможно за растегнување.
  •  Запалете ја фурната и оставете каменот да развие температура од  400˚C за печење и користете го вашиот термометар за да ја проверите температурата.
  • Користејќи мала количина, посипете ја со брашно лопатката за пицата. Растегнете го топчето тесто за пица до 30см и поставете ја на лопатката.
  • Додадете ги вашите омилени намирници за пица.
  •  Лизнете ја лопатката под пицата во фурната и вртете ја пицата на секои 20-30 секунди.
  • Послужете и уживајте!

Recipe Video

Notes

  • dsadasdsadas