Ставете две третини од водата во голем сад. Во тенџере или микробранова печка ставете ја другата третина од водата да зоврие, па додадете ја во ладната вода во садот. Ова ја создава правилната температура за активирање на квасецот. Солта и квасецот изматете ги во топлата вода.
Класично пица тесто
Servings
4
servingsPrep time
3
hours10
minutesCooking time
1
minuteIngredients
610гр брашно „00“
365мл ладна вода
18гр сол
20гр свеж квасец или 9гр сув квасец
Брашно за посипување
Directions
- Ставете две третини од водата во голем сад. Во тенџере или микробранова печка ставете ја другата третина од водата да зоврие, па додадете ја во ладната вода во садот. Ова ја создава правилната температура за активирање на квасецот. Солта и квасецот изматете ги во топлата вода.
- Во поголем сад ставете го брашното и во него додадете ја смесата со квасецот. Мешајте со дрвена лажица додека не почне да се формира тесто. Продолжете со рачно месење додека тестото за пица не се соедини во топка. Ставете го на малку пропрскана површина со брашно и месете со двете раце околу 10 минути, додека не стане цврста и растеглива. Тестото вратете го во садот. Покријте со фолија и оставете да нарасне, на топло место, околу 2 часа или додека не се удвои во големина.
- Кога тестото ќе се удвои во големина, поделете го на 3 или 4 еднакви парчиња, во зависност од тоа каква големина сакате да бидат вашите пици. Секое парче тесто ставете го во посебен сад или плех, покријте го со фолија и оставете да нарасне уште 30-60 минути или додека не се удвои во големина.
- Месење и отварање на тестото: Нашиот совет е секогаш да започнете со совршено заоблено топче тесто за пица бидејќи тоа помага да се одржи обликот на основата на пицата кружен за време на отварањето на тестото. Ставете ја топката на површина пропрскана со брашно, исто така и рацете и со врвовите на прстите притиснете го тестото во средината туркајќи го нанадвор кон рабовите. Оформете кора која ќе биде подебела на краевите а тенка во средината. Основата за оваа пица е многу тенка, така што треба да можете да ја гледате низ тестото. Внимавајте кога го правите ова бидејќи не сакате да се искине.